Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Хуманитарна акција за помош на ранливо население

2024-04-15

Хуманитарна акција за помош на ранливо население

Црвениот крст на Република Северна Македонија oд  15 до 21 април  2024 година ја одбележува традиционалната „Недела на солидарност“, под мотото: „Вашиот прилог – значајна помош“. Во рамките на неделата се организира  Акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, и истите можат да се предадат во општинските организации на Црвениот крст.  Целта на акцијата е да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка, како и да се обезбеди соодветна помош за најранливите категории на население.

Во акцијата граѓаните и правните субјекти можат да донираат и парични средства:

  • Со повик на телефонскиот број 143 400 од мобилните оператори  Македонски Телеком  и А1 Македонија – донaција од 100 денари
  • Со уплата на средства на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија: 300000001327966 АД Комерцијална банка, ДБ 4030984271620

Средствата ќе бидат наменети за обезбедување на помош во храна и истите ќе се дистрибуираат на семејства во социјален ризик.

Со Вашата донација – овозможувате да се помогне на што поголем број семејства на кои таа помош им е неопходна.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025